Уште еден скандал доаѓа од Африка.
Малку фалеше селекцијата на Сиера Леоне да се пласира во осминафиналето на Африканскиот куп на нации, а главен трагичар беше напаѓачот Кеи Камара.
Во 85. минута од натпреварот со Екваторијална Гвинеја промаши пенал вреден за пласман во елиминациската фаза.
Веднаш по крајот на натпреварот во Фритаун, гневни навивачи ја опколиле куќата на фудбалерот, желни за одмазда за промашениот пенал.
Набргу потоа интервенирала и полицијата која во наредните денови ќе ја надгледува куќата на Камара.