Извонредниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, очекува летово да направи трансфер во Барселона, Младиот голгетер блесна на Европското првенство, на кое постигна гол во финалето против Англија за водство од 1:0.
Вилијамс има договор со тимот од Билбао до јуни 2027 година, но тој веќе стапил во контакт со челниците на Барселона, па се шпекулира дека дури ги договорил и личните услови. Се најавува дека Вилијамс е подготвен дури и да игра за помала плата, само да го носи дресот на каталонскиот гигант.
Во Барселона уште постои финансиската криза и прашање е дали клубот ќе има сили да реализира трансфер на еден ваков екстра квалитетен млад играч, од кого се очекува да блеска во следните неколку години.
Освен Барселона, за Вилијамс се интересираат и англиските премиерлигаши Челзи и Арсенал.