Босанскиот шампион Борац од Бања Лука триумфираше против албанска Егнатија на пенали (4-1) во првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), а херој на победничката екипа беше македонскиот голман Дамјан Шишковски.
Шишковски беше херој на Борац во победата, откако во третата серија од пенал-рулетот одбрани дури два пенали против Егнатија. Првиот пат излезе порано од гол-линијата и мораше да се повтори ударот од белата точка, но повторно Македонецот беше на висина на задачата.
Босанската екипа во второто квалификациско коло на елитното натпреварување ќе се судри против грчкиот гигант ПАОК.