Подобра од избраниците на селекторот Раде Стојановиќ беше Франција 18:25. Maкедонија и покрај овој пораз ќе игра за пласман од 9. до 12. место.
Французите први стигнаа до водство на натпреварот, но потоа следуваше наша серија од 4:0 со која поведовме со 4:2.
Франција дојде до изедначување на 6:6, до паузата беше подобра на теренот, па така Македонија имаше два негатива по првите 30 минути (10:12).
Во вториот дел не успеавме да го следиме темпото кое го наметна Франција, па така набрзо се „одлепија“ и на 19:13, а ние не успеавме да се вратиме во натпреварот.
Кај нас со по три гола беа најефикасни Белистојановски, Стојановски, Калајџиески и Митев. Голманот Брестовац имаше шест одбрани.
Во полуфиналниот плеј-оф за пласман од 9-12 место, Македонија го чека својот противник и ќе игра со првопласираната селекција од групата 2. Во моментов на тоа место е Унгарија која има 4 бода, а во игра за првата позиција се Хрватска и Словенија.