Ракометарите на германскиот Магдебург одиграа драматичен натпревар против Барселона и триумфираа со 29-28 со гол на Гисли Кристјансон на неколку секунди пред крајот на дуелот.
Барселона водеше речиси постојано во првото полувреме и предноста изнесуваше еден до два гола, а Магдебург се врати во вториот дел каде што се водеше голема битка.
Во финишот Магдебург го презеде водството, а го имаше и последниот напад кога Кристјансон на само три секунди пред крајот ја затресе мрежата на Барселона.
Кристјансон и Магнусон постигнаа по пет гола за Магдебург, додека Фраде запиша осум погодоци за Барселона.
Веспрем вечерва го оствари и 10. триумф во групата Б, откако го надигра Монпелје со 37-31.