Алекса Аврамовиќ вечерва одигра фантастична партија, постигна 30 поени, а Партизан го скрши отпорот на Анадолу Ефес. Српскиот гигант Партизан славеше со 100-90 против Анадолу Ефес во 27. коло од кошаркарската Евролига и остана во игра за плејоф во натпреварувањето.
Ефес ја доби првата четвртина со 20-17, но „црно-белите“ со голема поддршка од трибините од преполната Штарк Арена стигнаа до пресврт на полувремето (43-40).
Партизан го чуваше водството сè до средината на последната четвртина, кога турскиот тим го засили темпото и поведе со 73-72, меѓутоа домаќините не дозволија изненадување и во завршницата го скршија ривалот (100-90).
Аврамовиќ го заврши натпреварот со 30 поени, два скокови и три асистенции Зек Ледеј имаше 23 поени а одличен беше и Анѓушиќ со две тројки во финишот, додека Клејбурн постигна 17 поени и четири скокови за Анадолу Ефес.
Партизан е на 11. мессто во лигата со 13 победи и 14 порази, додека Ефес остана на 15. позиција со 11 триумфи и 16 порази.