Ракометарите на Загреб го победија францускиот гигант ПСЖ со 28-26 во 13. коло од Лигата на шампиони и обезбедија пласман во осминафинале на елитното натпреварување.

Првото полувреме беше израмнето, додека на почетокот на вториот дел ПСЖ поведе со два гола предност (17-15).

Загреб, сепак, набрзо ја врати неизвесноста и израмни на 19-19, а потоа успеа и да направи целосен пресврт (24-22). Во возбудлива завршница во која се случија уште два пресврти, хрватскиот тим ја обезбеди посакуваната победа за пласман во следната фаза.

Кларица беше најдобар стрелец кај Загреб со 10 голови, додека Чупиќ запиша четири погодоци, а Сипжак постигна шест гола за гостите од Париз.

 

 

Екипата на полскиот Киелце стигна до шестата победа во групата А од ЛШ и триумфираше со високи 31-23 над норвешкиот претставник, Колштад. Полскиот состав беше подобар во текот на целиот меч и сосема заслужено дојде до нова победа пред своите гледачи.

Избраниците на Талант Душебаев одиграа подобро прво полувреме, имаа предност од три гола на паузата (13-10), а потоа го потврдија веќе започнатото и до крајот успеаја да триумфираат уште поубедливо. Клучната разлика беше околу 50. минута, кога Киелце поведе со 20-14, а конечната победа беше изразена со резултат 31-23. Најефикасен играч во победничкиот состав беше Алекс Душебаев со осум голови.