Николај Јакобсен, селекторот на Данска и играчка и тренерска легенда на светскиот ракомет, едвај го дочека крајот на Европското Првенство. Данска ја победи Франција со 35:32 во драматичен меч за бронзениот медал по продолженијата. Во репризата на олимпиското финале, Данците стигнаа до уште еден медал на големите натпреварувања.
Во последните три години тој ја предводеше Данска до два светски златни и олимписки сребрени медали. „Освоивме три медали за една година. Секако, најдраго ми е златото од Египет, а среброто од Токио ми е подраго од оваа бронза, што исто така ми значи многу. Видете, оваа година бевме заедно четири месеци во неверојатно тешки услови.
Овој турнир беше врв, бевме целосно ограничени. Не смеевме да се движиме од хотелските соби, полудевме во хотелот. Во првиот хотел што го сместивме на ова првенство воопшто не бевме изолирани од останатите гости.
Сами моравме да се грижиме за се, дури и за работите кои не треба да бидат наша работа. Овој месец беше најдолгиот месец во мојот живот. Кога немаше натпревари и тренинзи, на сите ни беше толку досадно во собите, бидејќи не ни дозволуваа ништо!“
На крајот Јакобсен рече: “За доброто на сите репрезентации, играчи, навивачи, се надевам дека ова е последно првенство како ова бидејќи во спротивно сите ќе полудеме. Вака не може да продолжи! Горд сум на нас, како и на сите ракометари кои успеавме да го протуркаме ова во невозможни услови“.