Италијанскиот второлигаш а некогашен освојувач на купот на Италија, Парма му посака добредојде на на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

Пандев доаѓа на „Енио Тардини“ од екипата на Џенова каде помина 7 инзвонредни сезони каде постигна 28 голови.

Парма заостанува 8 бода од зоната која носи плеј оф и борба за враќање во елитната Серие А, и во Пандев гледаат вистинско решение во нападот

 

Истовремено, Џенова му се заблагодари на Пандев за шесте години минати во најстариот клуб на Апенините, за головите и неколкуте сезони во кои македонскиот ас играше клучна улога за обезбедување на опстанокот.