Шпанскиот фудбалер Феран Торес денеска официјално потпиша за Барселона, откако вчера ги помина медицински прегледи во каталонскиот гигант.

Овој 21-годишен фудбалер доаѓа од Манчестер сити за сума од 55 милиони евра, а Торес потпиша договор до 2027 година.

Торес во својот договор со Барселона има и откупна клаузула, која изнесува дури милијарда евра, а таква клаузула во тимот имаат уште Педри и Ансу Фати.