По многу различни информации поврзани со заминувањето или незаминувањето на Ѓоковиќ во Мелбурн, се огласи ПР тимот на најдобриот тенисер во светот.
Беше кажано дека се уште нема официјална потврда, но дека „се оди во тој правец“, што значи дека во овој момент има големи шанси Новак да ја одбрани титулата на првиот Грен слем сезонава.
Последниве денови многу се шпекулираше за негово заминување, дури имаше информации дека нема да учествува на АТП купот, но сега се е променето и голема е можноста тој да учествува на турнирот во Сиднеј.
Турнирот во Мелбурн е најуспешниот Грен слем на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер освои рекордни девет титули, вклучувајќи ги и победите на претходните три одиграни турнири.
Да потсетиме, на најдобриот светски тенисер му треба уште еден трофеј на Грен слем турнирите за да ги претекне Рафаел Надал и Роџер Федерер и со тоа да се издвои од двата големи ривали.