Реал Мадрид ова лето не е многу активен на трансфер пазарот и засега доведе само двајца нови играчи Антонио Рудигер од Челзи и Орељан Чуамени.
Клубот повеќе се фокусираше на задржување на јадрото на тимот, па освен продолжувањето на соработката со Лука Модриќ на една сезона, нови договори потпишаа и Едер Милитао, Винисиус Жуниор и Родриго.
Дефанзивецот Рудигер потпиша договор до јуни 2008 година со откупна клаузула од 500 милиони евра, додека крилните напаѓачи имаат клазула од по 1 милијарда евра со тоа што соработката на Винисиус е до 2027, а на Родриго до 2028 година.