Норвешкиот тенисер Каспер Руд славеше во финалето на турнирот во Гештад, Швајцарија против Матео Беретини со пресврт во три сета, односно 4-6, 7-6 и 6-2.
Норвежанецот покажа дека е одличен играч на земјена подлога, бидејќи дојде до осмата титула во кариерата на земја од вкупно деветте во кариерата. Руд доминира на турнирите во Швајцарија и сега има 16 победи и ниту еден пораз во Гештад и Женева.