Новак Ѓоковиќ по финалниот меч во Белград откри дека има здравствени проблеми.

Српскиот ас не сакаше премногу да зборува за деталите, но полека илегуаат детали за какви проблеми се работи.

Порталот „Нова“ откри дека се работи за одреден тип на вирус кој трае седум и повеќе дена. Симптомите се – висока температура која го исцрпува телото. Интересно е што многу луѓе од светот на тенисот го фатија овој вирус во последните месеци.

Новинарите на „Спорт клуб“ открија дека Ѓоковиќ пред турнирот во Монте Карло им рекол дека го има вирусот, што значително се одразило на резултатот на тој турнир.