Фудбалската јавност беше шокирана од Кардиф сити, кој побара од француски Нант да исплати 95 милиони евра поради смртта на Емилијано Сала, кој во текот на зимскиот преоден рок во 2019 година требаше да се пресели во Велс.
Трансферот беше договорен и аргентинскиот фудбалер требаше да стигне во Кардиф, но неговиот авион се урна на пат кон Велс.
Од Кардиф сметаат дека Сала би му помогнал на неговиот тим со своите голови и асистенции да остане во Премиерлигата, а поради експресното враќање во Чемпионшип-лигата тимот загуби пари поради ТВ-права, спонзори и останати реклами.