Ленс оствари голема победа совладувајќи го Ремс со 2-1 иако повеќе од 70 минути играше со фудбалер помалку, и со овој триумф му се доближија на ПСЖ на само три бода.

Во 19. минута Дансо доби црвен картон, а Балогун погоди од пенал за Ремс за предност од 0-1.

Ленс имаше фудбалер помалку и негатива од еден гол но успеа да дојде до победата.

Франковски во 40. минута од пенал изедначи на 1-1, а Фофана по десет минути игра во вториот дел ја донесе победата од 2-1.