Фудбалерите на Мајорка забележаа уште една минимална победа во Ла Лига, овојпат со 1-0 славеа над Кадиз и речиси си го обезбедија опстанокот во лигата.
Единствениот гол на натпреварот се случи во 16. минута кога Мафео погоди за водство од 1-0, кое се покажа и како конечен резултат.
Во 96. минута Ли Канг постигна гол и за момент се израдува на водство од 2-0, но голот му беше поништен поради офсајд.