Милош Милојевиќ е нов тренер на Црвена Звезда.
Како што официјално соопшти клубот, Црвена Звезда веќе го решила прашањето за нов тренер.
По заминувањето на Дејан Станковиќ од функцијата шеф на стручниот штаб на црвено-белите, раководството на белградскиот гигант го ангажираше Милош Милојевиќ.
Тој е стручњак кој добро ја познава работата на клубот со оглед на тоа што во периодот од 2019 до 2021 година му беше помошник на Дејан Станковиќ, а сега ќе го наследи на клупата на Црвена звезда.
Целосна афирмација доби кога од третата во прва лига го донесе шведскиот Мјалби, по што како помошник тренер пристигна во српскиот клуб.
Тренерската кариера ја започна во Викинг, а во Исланд работеше во Бреидаблик.
По заминувањето од Звезда ги предводеше шведски Хамарби и Малме. Како асистент во Црвена звезда освои две титули и еден куп, додека со Малме го освои Купот на Шведска.
Милош Милојевиќ е дете на Црвена звезда, израсна во младинската школа, а потоа играше за бројни клубови низ Европа.
Официјалната промоција на Милош Милојевиќ ќе се одржи утре од 13 часот, а тој ќе го предводи тимот на натпреварот против Јавор кој се игра од 20 часот и 30 минути.