Удинезе со три бодови се враќа од гостувањето кај Монца (2-1) во првиот меч од 3. коло во Серија А, меч во кој како резервист важна улога имаше македонскиот интернационалец, Илија Несторовски.

Доскорешниот репрезентативец влезе во игра во 68. минута, а точно десет минути подоцна е асистент на победничкиот погодок на својата екипа, кој беше дело на Дестини Удоги. Претходно, домаќинот преку Колани поведе во 32. минута, за Бето да изедначи четири минути подоцна.

 

Дербито на денешната програма во калчолигата се игра вечерва и тоа во Рим каде што силите ќе ги одмерат Лацио и Интер (20.45 часот).