Дуелот меѓу Волфсбург и Хофенхајм заврши без победник во 20. коло од германската Бундеслига.
Хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер со два постигнати гола за Волфсбург беше во центарот на вниманието, но не можеше сам да го совлада тимот на Хофенхајм.
Први на гол се радуваа гостите, откако во раната фаза од натпреварот, во шестата минута Бејер ја затресе противничката мрежа. Израмни Ловро Мајер во 58. минута, по одличното
додавање на Беренс. Радоста на домашните не траеше долго, бидејќи Хофенхајм поведе уште еднаш. Овој пат во 66. минута стрелец беше Промел. Само четири минути му беа потребни
на Волфсбург да израмни, и Мајер од пенал да го постави конечниот резултат.
Волфсбург има 23 бода на 11. место во лигата, додека Хофенхајм е на осмата позиција со 26 бодови.