Плејмејкерот во македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ, беше еден од најзаслужните за големиот триумф на неговиот Уникс Казан на денешното гостување кај ЦСКА Москва (83-73) на чија клупа седи неговиот сонародник, Емил Рајковиќ.
Гостите од Казањ во второто полувреме го сломија отпорот на московјани, кои по првите две четвртини водеа 42-34. Популарниот Нено средбата ја заврши со 17 поени, девет скока и седум асистенции, додека најефикасен во неговиот тим беше Дмитриј Куљагин со 27 поени. Во составот, пак, на нашиот Рајковиќ најефикасен беше Џеј-ар Каспер со 16 поени.
Уникс со овој триумф сериозно ѝ се приближи на ЦСКА на врвот од табелата во ВТБ лигата и тоа со 46 бодови, само два помалку од „армејците“.