Aмериканскиот кошаркар Џејмс Нанели е нов играч на Партизан, потврдија од клубот.
Во сезоната зад нас, Нанели одигра 32 натпревари во Евролигата за „Гордоста на Израел“ , Макаби. Во текот на лигашкиот дел, новиот кошаркар на црно-белите имаше 14,1 поен пени просек на 29 натпревари, додека на три натпревари од плејофот имаше просек од 11 поени.
Новиот кошаркар на Партизан е роден на 14 јули 1990 година во Калифорнија и беше дел од Фенебахче, кој во 2017 година на клупата го предводеше Жељко Обрадовиќ до титулата во Евролигата.
Покрај споменатите два клуба, тој настапуваше и за Кавала, Бејкерсфилд, Атланта, Тексас, Филаделфија, Естудијантес, Макаби Ашдод, Авелино, Минесота, Хјустон, Олимпија Милано, Шангај шаркс и Њу Орлеанс Пеликанс.
Црно-белите го доведоа третото засилување , откако веќе пристигнаа Данило Анѓушиќ и Данте Ексум.