Младата кошаркарска ѕвезда на Мемфис гризлис, Џа Морант годинава не беше избран во една од трите најдобри петорки на НБА-лигата во сезоната 2022/23 и така остана без 39 милиони долари.
Морант во 2022 година потпиша петгодишен договор со Мемфис вреден 192 милиони евра, а притоа можеше да добие дополнителни 39 милиони ако биде избран во една од трите најдобри екипи во најсилната кошаркарска лига.
Кошаркарот на Мемфис беше неверојатен оваа сезона и во просек постигнуваше по 26,2 поени, 5,9 скокови и 8,1 асистенција по натпревар, но притоа остана без еден куп пари поради неговите глупости надвор од паркетот.
Морант се закануваше со пиштол, а потоа доби суспензија од осум меча и така си ја уништи шансата за дополнителна заработка.