Кошаркарите на Црвена звезда и Партизан одиграа неизвесен натпревар со драматичен финиш кој на крајот го добија црвено-белите со 85-82.

На почетокот од финалната серија во АБА лигата покажаа голема борба по која се радуваа навивачите на Звезда.

. Крајот кој траеше исклучително долго им припадна на Црвена звезда.

Најефикасен во составот на Црвена звезда беше Матеус со 18 поени, Митровиќ и Теодосиќ постигнаа по 14. Број еден во тимот на Партизан, а и на натпреварот беше Нанали кој даде 27 поени.

Со оваа победа Црвена звезда поведе со 1-0 во финалната серија од АБА лигата која се игра во три добиени натпревари.