Во втората полуфинална серија од Западната конференција, Оклахома ноќеска триумфира како гостин во Далас со 100-96 и изедначи на 2-2.
Домаќините го диктираа темпото во голем дел од мечот, во последната четвртина водеа со 82-75, но во клучните моменти Шеј Гилџес Александер доби помош од Чет Холмгрен и Лу Дорт кои постигнаа неколку важни тројки, додека Џејлин Вилијамс со забивање го заврши продорот за водство од 94-91 на 90 секунди пред крајот.
Далас ја пропушти последната шанса за победа на 10 секунди пред крајот кога при водство на гостите од 96-94, Дончиќ промаши едно од двете слободни фрлања и пропушти шанса да израмни. Домашните кошаркари имаа вкупно 11 нереализирани „пенали“ и тука треба да се бара причината за нивниот пораз, заедно со очајниот Кајри Ирвинг кој постигна само девет поени со девет асистенции. Бадијала беше трипл-дабл ефектот на Лука Дончиќ кој постигна 18 поени, 12 скока и 10 асистенции, но со очаен шут од игра, 6/20.
На спротивната страна блескаше Шеј Гилџес-Александер кој постигна третина од поените на својот тим (34), Холмгрен додаде 18, а Дорт 17 поени.
За разлика од останатите серии, до убедливо водство стигна Бостон кој го доби и вториот меч како гостин против Кливленд (109-102) и сега води со 3-1. За Кавс не играше Донован Мичел и тоа се одрази на играта на овој тим кој сега е многу блиску до елиминација во плејофот.