Кошаркарите на Реал (М) ја растурија Ц. Звезда во натпревар од 18. коло на Евролигата. Шпанците заслужено и убедливо славеа во салата „Александар Николиќ“ со 59:79.
Фантастичниот Тавареш држеше се под негова контрола и заедно со Џанан Муса беа предводници на гостите до убедливата победа во Белград. „Црвено-белите“ без Лука Вилдоса кој се уште е повреден и Факундо Кампацо кој се уште не доби право за настап во Евролигата очигледно не можеше да очекува подобар резултат.
Тавареш со 17 поени, 12 скока, три асистенции и четири скока беше најдобриот поединец кај гостите, додека Муса постигна 19 поени. Кај Црвена звезда само шест играчи успеаја да се запишат во листата на стрелците, од кои Недовиќ постигна 18, а Петрушев 17.