Шампионот на Грција, Олимпијакос славеше со 73-66 против Барселона во рамки на дербито на 33.коло помеѓу првиот и вториот во Евролигата.
Грчкиот тим до триумфот го предводеше Шакил Меккисик со 20 поени, додека Александар Везенков имаше 13 поени. Кај Каталонците кои го запишаа првиот пораз по три натпревари најдобар беше Сертач Санли со 13 поени.
Шејн Ларкин постигна 28 поени во победата на Анадолу Ефес против Алба Берлин од 87-77.
Басконија оствари убедлива победа против Жалгирис со 96-79.
Баерн Минхен ја декласираше Црвена Звезда со 82-57 за прва победа по три порази по ред.