Аргентина е во Групата Ц, додека Португалија е во последната Група Х. Интересно е тоа што според распоредот на натпреварите доколку овие две репрезентации бидат први во своите групи, можно е да се сретнат меѓусебе во големото финале.
Нормално тоа би било можно ако ги победат и сите три натпревари во нокаут-фазата. Веројатно финале на Светското првенство помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси би било најгледаното во историјата на фудбалот и секако нешто што го посакуваат сите љубители на овој спорт.