Екипата на Унион Берлин славеше победа од 1-0 против Келн во рамки на првиот натпревар од 28.коло во Бундеслигата.
Стрелец на единствениот гол за домашниот тим беше Таиво Авонији во 49.минута од натпреварот.
За тимот од главниот град на Германија ова беше прв триумф по три натпревари и сега има 41 бод на 7.позиција на табелата и останува во игра за излез во Европа. Келн има бод помалку на 8-ма позиција.