Кристијано Роналдо во следните неколку дена треба да стави крај на сапуницата ова лето во кое беше поврзуван со многу клубови.

Уште кога побара да го напушти Јунајтед поради желбата да игра во Лигата на шампионите, медиумите постојано шпекулираат за неговата потенцијална нова дестинација.

37-годишниот Португалец поради лични причини ги пропушти сите подготвителни натпревари на гостувањето во Тајланд и Австралија, пред да одигра 45 минути во дуелот со Рајо Ваљекано (1:1).

И покрај неговото враќање на теренот и желбата на Тен Хаг да го задржи, иднината на Роналдо во Манчестер Јунајтед останува под знак прашалник.

Како што пренесува шпански „Sport“, Галатасарај е заинтересиран да го доведе Португалецот во своите редови. Во Турција од синоќа има еуфорија кај навивачите.

По тој повод зборуваше поранешниот кошаркар на Црвена звезда, сега на Галатасарај, Дилан Енис.

„И Кристијано Роналдо оваа година доаѓа во Галатасарај или тоа е само гласина?! Спортските богови подобро да не дозволат ова да се случи или ќе биде лудило во Истанбул оваа година!“, напиша тој.

https://twitter.com/SosyalFutbolTR/status/1556034922460086273?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1556034922460086273%7Ctwgr%5E45ca2cd4779e4329b0edc10668c1ad1c297b2a6a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2022%2F08%2F07%2FD0B5D183D184D0BED180D0B8D198D0B0-D0B2D0BE-D182D183D180D186D0B8D198D0B0-D0BAD180D0B8D181D182D0B8D198D0B0D0BDD0BE-D180D0BED0BDD0B0D0BB%2F