Екипата на Барселона се уште чека конечен одговор од Нико Вилијамс за евентуалната преселба на „Камп Ноу“, но додека тоа се одолговлекува и се некако изгледа пореално дека офанзивецот ќе остане во Атлетик Билбао, шпанскиот вицешампион сега се фокусира на друг напаѓач а тоа е Дани Олмо од РБ Лајпциг.
Олмо е подготвен да се врати дома, да ги прифати условите на Барселона (договор до 2030 година), но засега останува проблем тоа што шпанскиот тим не може да најде заеднички јазик со „биковите“.
Најновите вести се дека бундеслигашот ќе ја одбие и втората понуда на каталонците што значи дека Деко кој е главен оперативец ќе мора да бара нова формула ако сака да ја затвори зделката за Дани кој е дете токму на Барса.
Тој може да игра на повеќе позиции и ако се врати дома дефинитивно ќе биде сериозно освежување, засилување и тоа прво во овој преоден рок.