Барселона потпиша нов договор со 17-годишниот бисер Марк Бернал до 2029 година, а му стави откупна клаузула од 500 милиони евра.
Талентираниот фудбалер претходно имаше соработка до 2026 година, меѓутоа реши да ја продолжи на три дополнителни години по одличните настапи за Барселона.
„Барселона и Бернал постигнаа договор до 2029 година. Откупната клаузула ќе изнесува 500 милиони евра“, соопшти каталонскиот гигант.
Бернал оваа сезона настапи на три натпревари за Барселона во Ла Лига и прикажа одлични игри.