Мохамед Салах се враќа на терен во вистинско време. Египетската фудбалска федерација потврди дека Мохамед Салах целосно се опоравил од повредата и дека е подготвен за претстојниот дуел со Сенегал во борбата за пласман на Светското првенство во Катар.

Генералниот директор на египетската репрезентација Диа Ел-Сајед изјави дека Салах ќе ја води својата селекција против Сенегал, во реваншот од финалето на КАН.

„Салах се чувствува одлично и е целосно подготвен за натпреварот“, рече тој.

Ова е совршена вест и за Јирген Клоп, бидејќи Ливерпул има пеколен распоред во април – дуел со Бенфика во Лигата на шампионите и дуел со Манчестер Сити во Премиер – лигата, како и полуфиналето на ФА Купот, и сето тоа за само две недели.

Претходно Салах ќе го одигра важниот двомеч за Египет. Првиот натпревар е на програмата во петок од 20.30 часот, а потоа следи реваншот во Сенегал во вторник од 19 часот.