Ред Бул ги разочара своите навивачи во првата трка во сезоната за Големата награда на Бахреин, откако ниту еден возач на популарниот тим не успеа да ја комплетира трката до крајот.
Најпрво отпадна актуелниот шампион Макс Ферстапен, а потоа и Серхио Перез, а деталната анализа на тимот покажа дека и двајцата го имале истиот проблем.
Советникот на екипата, Хелмут Марко за „Ф1 Инсајдер“ откри дека болидите имале проблеми во системот за довод на гориво.
„Едноставно, се појави вакуум во системот за довод на гориво, поради што моторот остана без него. Верувам дека овој проблем нема да се повтори во Саудиска Арабија“, вели Марко.