Каспер Руд направи пресврт против Марин Чилиќ и оствари победа од 3:1, успех со кој си обезбеди најголем успех во својата кратка, но перспективна кариера.
Норвежанецот се пласираше во своето прво грен слем финале и ќе го има најтешкиот предизвик во овој спорт, бидејќи в недела на централниот терен ќе истрча за да игра против 13-кратниот шампион на Френч Опен.
Руд си закажа финална пресметка против Рафаел Надал, односно ќе се обиде да го сопре во походот да стигне до 14-та титула на Ролан Гарос, а воедно да стигне до својата прва титула на турнирите од големата четворка.
Чилиќ подобро го отвори денешното полуфинале и поведе со 6:3, но потоа се беше во знакот на Руд кој откако израмни на 1:1, беше исклучително доминантен.
Каспер го доби вториот сет со 6:4, а потоа правеше двојни брејкови и третиот и четвртиот сет ги доби со идентични 6:2 за пласман во големото финале.