Во борбата за титулата во бантам (61 кг.), во женска конкуренција, се случи едно од најголемите изнандувања во историјата на УФЦ. Најдобрата жена која некогаш стапнала во октагонот, Бразилката Аманда Нунес загуби од Џулијана Пења од САД и тоа уште во втората рунда, со зафат „гушење одзади“ (rear naked choke). Американските медиуми ја споредуваа оваа победа на Пења со најголемите изненадувања не само во УФЦ, туку во историјата на своите спортови, како на пример нокаутот на Бастер Даглас врз Мајк Тајсон во 1990 година.
Со овој петти пораз во кариерата на Нунес (21-5), Пења (11-4) стави крај на нејзината серија од 12 победи, од нив девет во борби за титула. Таа и понатаму ќе остане со епитетот „најдобра во историјата“, бидејќи се уште е шампион во една категорија погоре (перо, до 66 kg), а сигурно ќе се очекува реванш за овој пораз во бантам.