МАКС ВЕРСТАПЕН е победник на Големата награда на Мексико. Иако возачот на Ред Бул стартуваше трет, тој излезе од првата кривина како лидер. Тој ги престигна двајцата возачи на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон и без поголеми проблеми до крајот на трката го одбрани првото место. Ботас на стартот имаше контакт и со Даниел Рикардо и двајцата заостанаа.

Луис Хамилтон успеа да го освои второто место иако беше под постојан притисок од третопласираниот возач на Ред Бул, Серхио Перез, кој ја возеше оваа трка во својата татковина па имаше голема поддршка од навивачите.

https://twitter.com/F1/status/1457449153601093635?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1457449153601093635%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fverstappen-pobijedio-na-vnu-meksika-i-podebljao-prednost-nad-hamiltonom%2F2316510.aspx

Верстапен ја зголеми предноста пред Хамилтон од 12 на 20 поени со својата деветта победа сезонава. До крајот на сезоната остануваат уште четири трки.