Македонскиот интернационалец Милан Ристовски со својата Трнава гостуваше кај Татран во словачкиот шампионат. Трнава ги однесе бодовите со победата од 0:2, а Ристовски имаше забележителен настап.
Во 64. минута Трнава се избори пенал, но противничкиот голман го одбрани ударот на Ристовски од белата точка. Тоа е негов втор промашен пенал сезонава во словачкиот шампионат.
Сепак, македонскиот репрезентативец се извади за промашувањето во 73. минута кога им побегна на противничките дефанзивци и го матираше домашниот голман запечатувајќи ја победата на својот тим. Веќе во наредната минута излезе од игра.
Со овој гол Ристовски изби на второто место на листата на најдобри стрелци во словачкото првенство.