Бразилскиот фудбалер Маркињос е првото летно засилување за Арсенал. Крилниот напаѓач ќе се пресели од Сао Пауло во Лондон за обештетување од само 3,5 милиони евра.
Договорот на Маркињос истекуваше наскоро, па „топчиите“ успеаја да го купат речиси за без пари. Се работи за фудбалер, кој има само 19 години и важи за еден од најголемите таленти во Бразил.
За првиот тим на Сао Пауло има одиграно 33 натпревари со два постигнати голови.