Аргентина дојде до 2-0 само 13 минути откако Лионел Меси погоди за водство, после пеколната контра со акција во пет потези, со завршница на Анхел Ди Марија, кој се врати во првиот состав за финалето како „тактичко изненадување“ од Лионел Скалони.

Аргентина има огромна предност и е на чекор до светска слава после фантастичните повеќе од половина час, со тотална доминација и извонредни акции.