Македонските офанзивни фудбалери Ердон Даци и Никола Ѓорѓев постигнаа голови за своите Деинзе и Арау во првенствата во Белгија и Швајцарија.

Даци спречи пораз на неговиот тим против Ломел и тоа откако го реализираше ударот од 11 метри во 62 минута (1-1). За Ердон ова беше втор лигашки погодок, а има забележано и една асистенција за клубот кој ја зазема четвртата позиција во втората лига.
Арау пак лесно се справи со Белинцона со 4-1 во средба во која во листата на стрелци се запиша Ѓорѓев и тоа во 36 минута. Во тие моменти донесе водство од 2-0 и го отвори патот на тимот до посакуваната победа.

Никола Ѓорѓев има два гола и три асистенции во втората швајцарска лига.