Манчестер јунајтед под водство на Ван Нистерлој полека влегува во ритам, денеска со 3-0 триумфираше против Лестер, додека Тотенхем доживеа шокантен пораз среде Лондон од Ипсвич со 1-2.

Бруно Фернандеш во 17. минута беше стрелец за предност од 1-0, додека Кристиансен со автогол го зголеми водството на „црвените ѓаволи“.

Третиот гол за триумф на гигантот од „Олд Трафорд“ беше дело на Гарначо со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот во 82. минута од натпреварот.

Ипсвич го шокира Тотенхем во првиот дел со два гола, во листата на стрелци се запишаа Шмодик и Делап.

Тотенхем во вториот дел се обиде да избегне срам и погоди преку Бентакур за 1-2, но избраниците на Анге Постекоглу немаа сила и за втор гол.

Нотингем Форест одигра две различни полувремиња и на крајот загуби од Њукасл со 1-3. Иако имаше предност од 1-0 со голот на Мурило од 21. минута, сепак Нотингем во вториот дел прими три погодоци од Исак, Жоелингтон и Барнс.