Фудбалската репрезентација на Хрватска беше на праг да го победи европскиот првак Италија, но во 98.минута се појави Матија Закањи и со извонреден удар постигна гол за израмнување, 1-1. “Аѕурите” покажаа дека умеат да играат до крај, а Хрватска уште еднаш испушти победа во последните мигови.
Лука Модриќ беше стрелец во 55. минута на одбиена топка од Донарума, а само една минута претходно не успеа да реализира пенал, италијанскиот голман го одбрани неговиот удар од белата точка. И кога Хрватите беа на чекор од осминафинале, повторно примија гол во последните секунди, како и против Албанија.
Шпанија триумфираше и против Албанија со 1-0 и со максимални девет бода го освои првото место во групата. Феран Торес во 13. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.