Грузија го одбрани домашниот терен против Норвешка и одигра 1-1 и може да се рече дека направи изненадување. Тоа беше прв натпревар за нив во новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024.
Александер Сорлот ја доведе Норвешка во водство со голот во 15.минута, но Грузијците израмнија во вториот дел. Георге Микаутадзе во 61.минута беше стрелец на израмнувачкиот погодок.
Норвежаните имаа две гостувања, прво загубија од Шпанија со 3-0, а сега ремизираа против Грузија.
Во последните 20 минути во кои Сорлот имаше две шанси, а една Мартин Одегард во периодот од 72-та до 77-та, па Квича Кварацхелија во 81-та имаше своја шанса за Грузија.
Десет минути пред крајот после реакции за пенал, ВАР го повика судијата Треиманис од Летонија и одлуката беше дека нема најстрога казна, а истото се случи во седмата минута од надополнувањето, но не најде елементи за пенал.