Англискиот премиерлигаш Челзи работи на трансферот на извонредниот напаѓач од Лајпциг, Кристофер Нкунку. Лондончани постигнале договор со 24-годишниот француски интернационалец. Тој треба следното лето да се пресели на „Стемфорд бриџ“.
Во јуни Нкунку го продолжи договорот со Лајпциг до 2026 година, кој вклучува ослободителна клаузула од 60 милиони евра. Напаѓачот беше избран како играч број 1 во минатата сезона во Бундес-лигата, а и на стартот на новата сезона игра во одлична форма.
Челзи е подготвен да направи голема реконструкција на тимот, а Нкунку треба во иднина да биде еден од носителите на играта на лондонските „сини“.