Лео Меси на 30 јуни го напушта францускиот шампион ПСЖ, а веќе има неколку опции за тоа каде да ја продолжи кариерата, иако негова најголема желба е да се врати во Барселона на која веќе и понудил и да игра бесплатно, но не му дозволила Ла Лига.
Британскиот медиум „Сан“ објави дека Меси се понудил да игра бесплатно за каталонскиот гигант само за да се врати на „Камп ноу“, но тоа не било дозволено од раководствоот на Ла Лига затоа што по правилата Аргентинецот морал да има минимална плата од 25 милиони бруто.
Ла Лига во вторник треба да одговори на финансискиот план на Барселона за следната сезона, по што ќе биде јасно дали Меси ќе може да се врати во каталонскиот гигант или ќе мора да се пресели во друг тим.
За потписот на Меси се заинтересирани уште неколку тимови, меѓу кои е Интер Мајами на Дејвид Бекам, но и Ал Хилал од Саудиска Арабија.