Реваншот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСЖ е закажан за в среда во Мадрид, а парижаните би можеле да останат без еден од клучните играчи aа тој меч .
Килијан Мбапе беше играчот на одлука на првиот натпревар помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид, тој им создаде огромни проблеми на играчите на Реал Мадрид и го постигна единствениот гол за предост од 1:0 пред реваншот.
Но, за жал на парижаните, под знак прашалник е дали Мбапе ќе игра на реваншот во Мадрид во среда откако заработи повреда на тренинг.
Парижаните нестрпливо го чекаат снимањето и лекарската одлука, се уште не се знае за каква повреда се работи и колку е далеку Мбапе од настап.
Слично нешто се случи и минатата сезона кога ПСЖ играше против Манчестер Сити, а Мбапе исто така не беше во можност да игра поради повреда. Парижаните таму го завршија настапот и ќе направат се за да го подготват Мбапе доколку има и најмала шанса за настап.