Фудбалерите на Манчестер Јунајтед стигнаа до 15. победа во Премиер – лигата оваа сезона откако го победија Евертон на „Олд Трафорд“ со 2-0. Со тоа тимот на Ерик тен Хаг ја прекина мини-серијата од два последователни порази.

 

 

Алехандро Гарначо беше играч на натпреварот, иако не постигна ниту еден гол. Но, ги изнуди двата пенали од кои „црвените ѓаволи“ дојдоа до триумф.

Бруно Фернандеш беше реализатор на првиот пенал во 12.минута, а потоа следуваше и прецизниот удар на Маркус Рашфорд од 11 метри во 36.минута од дуелот.