Откако мораше да го продаде Челзи поради санкциите наметнати на руските олигарси, Роман Абрамович се сели на пазар каде санкциите сеуште немаат влијание .
Долгогодишниот сопственик на Челзи, Русинот кој го оживеа и го извлече клубот од тешка ситуација, Роман Абрамовиќ, откако мораше да го продаде Челзи, најде нов клуб што сака да го купи.
Според турските медиуми, Абрамовиќ е заинтересиран за купување на турскиот прволигаш Гезтепе и веќе се воспоставени контакти со сегашните сопственици.
Турците тврдат дека во наредните денови треба да има средба меѓу Абрамовиќ и актуелниот сопственик на Гезтепе, Мехмет Сепил.
Инаку, Гезтепе е 18. клуб во турскиот шампионат, а тренер е поранениот хрватски репрезентативец Стјепан Томас.