Фудбалерите на Манчестер Сити  ја презедоа лидерската позиција во Премиер лигата по поразот на Челзи. Во последниот натпревар од денешната програма во англискиот шампионат „граѓаните“ одиграа одличен дуел против Вотфорд и со рутински 1-3 (0-2) го впишаа дванаесетиот триумф во новата сезона.

На додавање на Фоден, Стерлинг погоди за 0-1. Пред крајот на полувремето, Бернардо Силва погоди за комотни 0-2 за Сити.

Во вториот дел Раниери со неколку замени проба да внесе свежина во својот тим, но Силва со нов погодок стави точна на натпреварот. Конечните 1-3 ги постави Хернандез во 78. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore